📽️ НОВО ИМЕ ВО ФОРМУЛА 1 Кадилак официјално го претстави својот болид со спектакл на Тајмс Сквер

Американскиот бренд ќе дебитира во Формула 1 во 2026 година, а веќе ги откри болидот, боите и возачкиот тандем.

47

Американскиот гигант Кадилак официјално ја најави својата ера во Формула 1, претставувајќи го болидот со кој ќе дебитира во најбрзиот циркус во светот, и тоа на спектакуларен начин, за време на Супербоулот.

Промоцијата на новиот болид се одржа ноќта меѓу 8 и 9 февруари на Тајмс Сквер во Њујорк, пред илјадници фанови и милионска телевизиска публика. Автомобилот се истакнува со елегантна и минималистичка комбинација од пригушена сребрена и црна боја, што симболично ја најавува амбицијата на брендот за сериозен настап во Формула 1.






Кадилак ќе дебитира во шампионатот во сезоната 2026, а тимот веќе го откри и возачкиот состав. За американската екипа ќе настапуваат искусниот Финец Валтери Ботас и Мексиканецот Серхио Перез, кои потпишаа повеќегодишни договори.

Дополнителна тежина на проектот му дава и фактот што Ферари ќе биде снабдувач на мотори, што се толкува како јасна порака дека Кадилак не влегува во Формула 1 само за учество, туку со сериозни натпреварувачки амбиции.

Новата сезона во Формула 1 започнува во Австралија од 6 до 8 март, а шампионатот и оваа година ќе се состои од 24 Гран при трки, што ветува уште една долга и возбудлива сезона за љубителите на мотоспортот.

Поврзани содржини