Принцот Вилијам, Кејт Мидлтон и нивниот син Џорџ беа во публиката на финалето на Европското првенство во фудбал на „Вембли“, а во новото видео, објавено на Инстаграм, може да се види како Кејт и Вилијам се обидуваат да го утешат седумгодишниот Џорџ по поразот на Англија, додека заминуваат од стадионот.
Во краткиот клип, седумгодишниот Џорџ ги држи рацете кренати додека гледа во разочараните играчи на теренот, а потоа му приоѓа неговата мајка Кејт. Војвотката потоа ја фаќа десната рака на нејзиниот син и го повлекува во прегратки и го милува по главата.
Кејт се наведнала преку него за да разговара со Вилијам, кој нежно ѝ ја ставил раката на грбот, пред да се наведне за да разговара со нивниот син. Вилијам потоа ги ставил двете раце на рамениците на Џорџ и го одвел надвор од трибините.
Реакцијата на Џорџ стана хит на Интернет веднаш по завршувањето на финалето. Како што натпреварот стануваше покомплициран за Англичаните, така и Џорџ сѐ повеќе се мрштеше, а изразите на лицето го обиколија светот.
View this post on Instagram
ФОТО: ЕПА