НОВО АВИОНСКО ПОВРЗУВАЊЕ СО СВЕТОТ „Визер“ ќе лета кон Болоња, Торино, Билунд и Фридрихсхафен
Од двата аеродрома во земјава ќе летаат пет авиони на компанијата. новите летови стартуваат од декември.
Нискобуџетската компанија „Визер“ денеска соопшти дека ќе воспостави авионски линии кон четири дестинации од земјава до Италија, Германија и Данска, меѓу кои од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија.
Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември 2021. Картите се веќе во продажба со цени од 1.229 денари ( 19.9 евра).
– Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации – велат од компанијата.
Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на петиот авион на компанијата во базата во Скопје.