Новите соеви на ковид-19 донесоа и нови симптоми
Проектот „ZOE“, лансиран на почетокот на пандемијата со ковид-19, ги следи симптомите на луѓето ширум светот, а експертите веруваат дека вирусот „сега дејствува поинаку“, пишува „The Mirror“.
Новите видови на коронавирусот воведоа промени во клиничката слика на ковид-19.
Ова е јасно од студија на „King’s College London“, цитирана од британскиот весник „The Mirror“. Ако порано симптомите на треска, постојана кашлица, губење на вкус и мирис се сметаа за карактеристични знаци на болеста, сега тоа се: главоболка, течење на носот и воспалено грло.
Проектот „ZOE“, лансиран на почетокот на пандемијата со ковид-19, ги следи симптомите на луѓето ширум светот, а експертите веруваат дека вирусот „сега дејствува поинаку“, пишува весникот.
Британската национална здравствена служба сè уште наведува три „карактеристични“ знаци на вирусот: треска, постојана нова кашлица и губење на вкус и мирис. Но, истражувачите од „King’s College London“ сметаат дека новата варијанта на делта коронавирусот, најпрво откриена во Индија, може да предизвика промена во симптомите на болеста.
Истражувачите исто така веруваат дека сега кога повеќето постари луѓе во Велика Британија се вакцинирани, младите се првите кои се заразуваат и имаат поголема веројатност да развијат блага клиничка слика на болеста.
Тим Спектер, професор по генетска епидемиологија на „King’s College London“, рече дека индиската верзија на коронавирусот сега поминува „повеќе како обична настинка“ кај младите. Водечкиот автор на студијата додаде дека луѓето треба да бидат тестирани за коронавирус ако мислат дека имаат настинка за да се ограничи потенцијалното ширење на ковид-19.
Податоците од „ZOE“, најголемата студија за следење на симптомите во Велика Британија, покажуваат дека кашлицата е најчестиот симптом од почетокот на пандемијата, а 46% од заразените пациенти ја имаат.
– Но, сега најчести манифестации се главоболка, болки во грлото, течење на носот и треска – рече професорот Спектер.
Научникот за „Telegraph“ изјави: „Луѓето не го сфаќаат ова и можеби мислат дека имаат сезонска настинка, но сепак одат на забави и можат да ја шират болеста. Ние ги проучуваме главните симптоми од почетокот на мај и тие веќе не се исти како порано. Број еден е главоболка, проследена со воспалено грло, течење на носот и треска. Се чини дека оваа варијанта работи малку поинаку“.