НОВИТЕ ЛИДЕРИ ВО МЕЃУНАРОДЕН ТРАНСПОРТ НА ПАЦИЕНТИ Никоб медикал 24/7 на располагање на граѓаните

За една година реализирани се над 22 меѓународни медицински транспорти на пациенти со различни дијагнози. Транспортот е брз и безбеден по сите светски здравствени протоколи,  пациенти со сериозни дијагнози, заразени од Ковид 19, карциноми, кардиоваскуларни заболувања, фрактури како и други заболувања.

140

Никоб медикал под мотото „Ние се грижиме за вашето здравје“ веќе 1 година на граѓаните им нуди здравствени услуги.

За една година реализирани се над 22 меѓународни медицински транспорти на пациенти со различни дијагнози. Транспортот е брз и безбеден по сите светски здравствени протоколи, пациенти со сериозни дијагнози, заразени од ковид 19, карциноми, кардиоваскуларни заболувања, фрактури како и други заболувања.






– Бевме 24/7 континуирана поддршка на нашите пациенти и заедно поминавме илјадници километри од Скопје до Германија, Швајцарија, Италија, Турција, Албанија, Грција, Црна Гора, Србија, Косово и други држави – изјавија од Никоб медикал.

Никоб располага со најмодерни и најсофистицирани медицински амбулантни возила во Македонија, опремени со последната генерација на технички, технолошки и медицински стандарди, како на пример, дефибрилатор LP20e, Преносен респиратор (вентилатор) за возрасни,  деца,  новороденчиња, 12V + вградена батерија, преносен аспиратор, со напојување од 220v AC и со вградена батерија од 12v DC, балони за вентилација за возрасни, деца и новороденчиња, комплет за имобилизација на вратен дел од рбетниот столб, делови за имобилизација (крагни), сет за фрактури, имобилизатор за глава, спинална даска, вакуум имобилизатори, комплет за екстремитети и прохромски хидрауличен бокс за прифаќање на автоматското носило и хидрауличен систем за ублажување на вибрациите при возење.

– Ни беше должност и чест што ја стекнавме довербата од пациентите  ѝ не препознаа како установа која нуди најдобра, најдостапна и најквалитетна услуга во сегментот на брз и безбеден меѓународен медицински  транспорт – додаваат од Никоб медикал.

Поврзани содржини