НОВИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА КЕЈТ МИДЛТОН ЈА ЗАГРИЖИЈА ЈАВНОСТА! Календарот на принцезата е празен до крајот на годината
Извори блиски до Кенсингтонската палата откриле за британскиот „Дејли бист“ дека Кејт Мидлтон нема да се појавува во јавноста до крајот на 2024 година.
Последните информации за британската принцеза Кејт Мидлтон, која се лекува од рак, ја загрижија јавноста.
Имено, извори блиски до Кенсингтонската палата откриле за британскиот „Дејли бист“ дека Кејт Мидлтон нема да се појавува во јавноста до крајот на 2024 година.
– Голем број вработени треба да го знаат точниот распоред на настани неколку месеци однапред. Ми кажуваат дека календарот на принцезата е целосно празен до крајот на годината. Воопшто ништо не е планирано. Очигледно, не очекувајте таа да се појави во јавноста оваа година – рекол изворот.
За истиот медиум зборуваше и пријател близок на принцот и принцезата од Велс, кој тврди дека во позадина има грижа за нејзиното физичко и ментално здравје.
– Избегнувањето секаков вид на стрес и анксиозност е клучно за неа сега. Сè што треба да направи е да се грижи за себе за таа да стане подобра. Штом ќе заврши училиштето, семејството се преселува во Сандрингем – тврди изборот.
Медиумите шпекулираат и дека принцот Вилијам следната недела ќе направи мала пауза од сите кралски должности и ќе го помине училишниот распуст со своите деца.