НОВИОТ ЗАКОН ЗА СУДСКИ СОВЕТ ИСПРАТЕН НА МИСЛЕЊЕ ДО ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА Ќе има механизми за одговорност на членовите на Советот

За првпат ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Судскиот совет. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ и сега Македонија директно одговара на таа препорака, соопшти Министерството за правда.

369

Предлог законот за Судски совет е доставен на мислење до Европската комисија, соопшти денеска Министерството за правда.

По добиеното мислење, предлог-законот ќе биде поднесен во Собранието, за да се усвои.






Од Министерството соопштија дека станува збор за конструктивен и содржаен закон кој веќе доби позитивно мислење од Венецијанската комисија.

„За првпат ќе има објективно оценување на нивната работа, транспарентност во носењето одлуки и механизми за одговорност и на самите членови на Судскиот совет. Ова е клучна точка што ја нотираше и Оценската мисија на ЕУ и сега Македонија директно одговара на таа препорака“, соопшти Министерството за правда.

Клучни новини кои се предвидени со законот се:

– Јавност во постапкатата за разрешување на претседател и заменик-претседател на Советот, постапката мора секогаш да биде транспарентна;

– Прецизирање на критериумите за „истакнат правник“ за избор на нови членови;

– Воведување јавна расправа за кандидатите за несудски членови, со цел поголема транспарентност и одговорност;

– Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и за разрешување на членови на Советот од редот на судиите;

– Унапредување на целокупната правна рамка, согласно препораките на ЕУ.

Поврзани содржини