НОВИОТ ЗАКОН ПРИРОДНО ЌЕ ГИ ИСЧИСТИ АВТОМАТ-КЛУБОВИТЕ ЗА КОЦКАЊЕ Законот за игри на среќа наскоро пред пратениците

Ќе има многу новини и очекувам со усвојувањето законот за игри на среќа природно да се намали бројот на автомат-клубовите, рече премиерот Христијан Мицкоски.

3,633

Со стапување во сила на новиот закон за игри на среќа, кој е во владина процедура, се очекува да се намали бројот на клубовите кои приредуваат игри на среќа, рече премиерот Христијан Мицкоски.

– По неколку месеци работа на Законот за игри на среќа и на неговото усогласување, тој е готов. Очекувам овој месец да ја помине владината процедура и потоа да влезе во Парламентот. Ќе има многу новини и измени и очекувам со усвојувањето законот, бројот на таквите автомат-клубови природно да биде намален – изјави Мицкоски.






Изјавата на премиерот следува по вчерашната објава на министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на неговиот Фејсбук профил во која наведе дека ќе се забранат 173 нови нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа.

Од Министерството за дигитална трансформација појаснуваат дека станува збор за нов налог што е добиен од Државната лотарија со нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа и истиот е проследен до АЕК за понатамошно постапување преку телеком-операторите.

„Ние како Министерство постојано апелираме до граѓаните коишто имаат пари на овие страници, навремено да ги повлечат од истите. Апелираме до граѓаните да не се подведуваат на ваквите лажни и манипулативни провајдери, бидејќи истите важат и за небезбедни. Безбедноста на интернет зависи и од самите корисници“, велат од Министерството за дигитална трансформација.

Поврзани содржини