Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје -4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово -4, Велес – 2, Кочани -1 и Пробиштип -1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

       Скопје – 316
       Куманово – 211
       Дебар – 49
       Штип-27
       Прилеп –75
       Тетово – 37
       Струга – 43
       Велес – 32
       Битола –9
       Охрид –4
       Кавадарци – 3
       Гостивар –8
       Гевглелија – 4
       Струмица – 2
       Крива Паланка-3
       Радовиш – 4
       Крушево – 3
       Кочани – 22
       Пробиштип – 2

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ – 317, преку Ветеринарен ф-тет 13, Авицена – 9, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19.