Новиот вид на коронавирусот откриен во Париз и во Њујорк

200

Генералниот директор на болничкиот систем во Париз, Мартин Хирш, утрово во интервју за телевизијата Франс 2 потврди дека во Париз е откриен нов вид на коронавирусот. Високо заразниот британски вид коронавирус откриен е во градот Саратога Спрингс, што е прв познат случај во сојузната американска држава Њујорк, изјави синоќа гувернерот на Њујорк; Ендру Куомо.

Претходно, министерот за здравство на Франција, Оливие Веран, во изјава за РТЛ наведе дека досега е потврдено присуство на новиот вид на коронавирус во 10 случаи.






Високо заразниот британски вид коронавирус откриен е во градот Саратога Спрингс, што е прв познат случај во сојузната американска држава Њујорк, изјави синоќа гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.

Тој наведе дека новиот вид на ковид-19 е откриен кај еден 60-годишен маж и оти заздравува. Пациентот не патувал.

Според Њујорк тајмс лицето, чиј идентитет не е откриен, се заразил во златара во Саратога Спрингс.

Куомо истакна дека во продавницата се разболеле уште три лица, но за нив се уште не е познато дали се заразени со новиот вид на коронавирус.

Новиот вид на ковид-19 претходно во САД е регистриран во Колорадо и во Калифорнија.

 

Поврзани содржини