Новиот вид на коронавирусот кој се појави во Велика Британија, но и во Јузноафричката република и во Нигерија , освен дека побрзо се шири, има и малку поинакви симптоми од немутираниот вирус.
Британскиот национален здравствен центар предупреди на седум симптоми на кои треба да се обрне внимание бидејќи почесто се појавуваат кај лицата заразени со новиот, мутиран вид на коронавирусот. Така покрај веќе добропознатите симптоми како температура, сува кашлица и губење на чувството за мирис и вкус, посебно треба да се обрне внимание и на симптомите како што се замор, губење на апетитот, главоболка, пролив, збунетост, болки во мускулите и осип.
Ако забележите некој од набројаните симптоми, треба да се изолирате и да го контактирате својот лекар.