НОВИОТ СОСТАВ НА ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ ЌЕ ГИ ДОНЕСЕ ПОБЕДИТЕ На следните парламентарни, претседателски и локални избори ќе победи ВМРО-ДПМНЕ

За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

669

Новиот состав на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

По синоќешниот избор на новиот ИК на партијата, Николоски се заблагодари за довербата што му ја укажа премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.






„За ВМРО-ДПМНЕ што победува и ја менува Македонија! Нов состав на Извршниот комитет на партијата кој ќе ги донесе победите на следните парламентарни, претседателски и локални избори. Благодарам на довербата и честа претседателе Христијан Мицкоски – соработка и пријателство кои носат напорна деноноќна работа за промени и подобар живот во Македонија. Да живее ВМРО-ДПМНЕ“ наведе Николоски во објавата.

Поврзани содржини