Новиот руски авион е чудовиште, еден детал го привлекува вниманието (ВИДЕО)

Убедени сме дека новиот производ ќе предизвика интерес не само во нашата земја, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и нашите странски конкуренти - изјавил претставникот на „Ростех“.

2,050

На првиот ден од воениот саем МАКС-2021, руската корпорација „Ростех“ ќе го претстави „фундаментално новиот“ воен авион, велат од РИА Новости.

– Очигледно е дека ќе биде ударен авион. Бидејќи засега имаме мултифункционални летала, најверојатно новиот авион ќе може да напаѓа и воздушни и копнени цели – вели рускиот воен експерт, Алексеј Леонков за радио Спутник.






Обединетата авионска корпорација, „Ростех“, планира да го претстави својот нов авион на јавноста, на 20 јули 2021, на Меѓународниот авио-вселенски саем во Русија.

– Убедени сме дека новиот производ ќе предизвика интерес не само во нашата земја, туку и во целиот свет, вклучувајќи ги и нашите странски конкуренти – изјавил претставникот на „Ростех“.

Направена е и посебна веб-страница за презентација на новиот руски авион, а исто така е објавена реклама на која можеме да видиме луѓе од Обединетите Арапски Емирати, Индија, Виетнам и Аргентина, кои добиваат порака на која пишува „Доаѓа“, а потоа брзаат за да го видат новиот авион.

Интересен факт е тоа што во еден миг се гледа сенката на новиот руски авион, што на некој начин ни прави претстава како отприлика тој ќе изгледа. Рускиот воен експерт, Алексеј Леонков, за радио Спутник ги искоментира снимките и ги кажа неговите претпоставки поврзани со тоа.

– Може да се види дека леталото ќе има добар распон на крилјата, а очигледно е и дека ќе биде ударен авион. Бидејќи засега имаме мултифункционални летала, најверојатно новиот авион ќе може да напаѓа и воздушни и копнени цели. Со оглед на тоа што сега се развиваат нови технологии, претпоставувам дека ќе бидат дел од новиот авион. Фактот што на видеото се покажани претставници од различни земји, сугерира дека леталата ќе имаат извозна ориентација – вели Леонков.

Поврзани содржини