📽️ НОВИОТ РЕКОРД ГО ПОСВЕТИ НА БАБА МУ Дуплантис по 12 пат со најдобра висина во скок со стап

Со овој резултат, шведскиот атлетичар го подобри претходниот светски рекорд од 6,27 метри, кој го постави во март годинава на натпревар во Клермон, Франција.

425

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис продолжува да го менува светот во скок со стап, поставувајќи нов светски рекорд и тоа по 12 пат во својата кариера. На домашен терен во Стокхолм, на престижната Дијамантска лига, 25-годишниот олимписки шампион го надмина сопствениот рекорд, прескокнувајќи неверојатни 6 метри и 28 сантиметри.

Но, покрај спортскиот успех, Дуплантис привлече внимание и со искрената и емотивна изјава по натпреварот.






– Баба ми сакаше да ветам дека ќе го соборам светскиот рекорд денес. И го направив тоа. Имаше голем притисок да победам пред баба ми. Затоа мило ми е што успеав да го направам тоа за неа – изјави Дуплантис за шведската телевизија „STV“.

Со овој резултат, Дуплантис го подобри претходниот светски рекорд од 6,27 метри, кој го постави во март годинава на натпревар во Клермон, Франција.

Дуплантис ја започна својата неверојатна серија на рекорди во 2020 година, кога како 20-годишен на Дијамантската лига во Рим прескокна 6,15 метри, со што го надмина легендарниот резултат на Сергеј Бубка (6,14 м), рекорд што траеше цели 26 години.

Поврзани содржини