Новиот патријарх на СПЦ се бира со тајно гласање, па со ждрепка

Кандидати за патријарх можат да бидат сите активни епархиски архиереји кои најмалку 5 години управуваат со епархијата.

1,176

До изборот на 46-от поглавар на Српската православна црква (СПЦ), наследникот на починатиот патријарх Иринеј, неогвата должност ја извршува Синодот, а ќе претседава најстариот член, односно владиката Хризостом. Изборот на патријархот се спроведува најдоцна за три месеци од денот кога престолот на патријархот останал празен.

Правилото е на изборната седница на Светиот архиерејски собор да присуствуваат најмалку две третини од архиерејите, а со неа да претседава најстариот епископ по ракополагање или хиротонија.






Кога на 15 ноември 2009 година се упокои Неговата светост патријархот Павле, и кога тронот го наследи тогашниот владика Иринеј, најстар епископ беше владиката Амфилохиј, кој почина на 30 октомври годинава.

Архиерејите, во случај на спреченост да учествуваат во изборот, можат да именуваат заменици на кои ќе им го препуштат правото на гласање за избор на поглавар на СПЦ.

Кандидати за патријарх можат да бидат сите активни епархиски архиереји кои најмалку 5 години управуваат со епархијата.

Правилото е патријархот да се бира во храм, а на секој изборен круг му претходи молитва. Во сегашните услови, тој храм е патријаршиската капела Свети Симеон Мироточив, која е поврзана со салата во која заседава Соборот.

Патријхархот се бира со тајно гласање. За избор на патријарх се бираат тројца архијереи кои добиле повеќе од половина гласови од членовите на Соборот. Гласањето се повторува сè додека не се изберат тројца кандидати со потребниот број гласови.

Кога се бираше наследникот на патријархот Павле, помеѓу тројцата владици со натполовичен број гласови беа владиците Амфилохиј, Иринеј бачки и Иринеј нишки.

Имињата на тројцата владици се ставаат во посебен коверт. Ковертот се запечатува и се става во Евангелието кое се носи во олтарот на црквата. Претходно избран духовник – некој од угледните монаси, извлекува од Евангелието едно од трите запечатени коверти. Ковертот му го предава на претседавачот на Изборниот Собор кој го отвора и го соопштува името на новиот патријарх.

Поврзани содржини