📽 НОВИОТ ПАПА Е АМЕРИКАНЕЦ Тој го избра името Лав 14

838

Идентитетот на новиот папа е откриен, а тоа е 69-годишниот Роберт Франсис Превост. Тој го избрал името Лав 14.

Кардиналот протоѓакон Доминик Мамберти го објави своето име со традиционалната прогласка „Habemus Papam“ (Имаме папа).






Роден е на 14 септември 1955 година во Чикаго, САД.

Тој е префект на Дикастеријата за епископи. Поголемиот дел од својата служба го поминал како свештеник и епископ во Перу. Превост е умерен, способен за дијалог и поврзување на различни струи во Црквата, сметаат аналитичарите. Неговиот стил и приоритети се блиски до реформистичкиот дух на папата Франциск, поради што ужива поддршка од некои кардинали кои сакаат континуитет.

– Ова е јасен знак за единството на Црквата! Фактот дека на кардиналите им беа потребни само четири круга гласање за да изберат нов папа е јасен знак за единството на Црквата – рече кардиналот Џузепе Версалди, пренесува „Скај њуз“.

Новиот папа беше избран дури и побрзо од неговиот претходник. Папата Франциск беше избран во рок од два дена во 2013 година, а на кардиналите им беа потребни пет круга гласање за да го изберат.

Поврзани содржини