📷 НОВИОТ „OPEL FRONTERA“ ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА Германски стил, авантуристички дух и цена што ги изненади сите
„Еуроимпекс“ ја претстави новата „Opel Frontera“ во уникатна германска атмосфера, „SUV“ кој комбинира простор, комфор и иновативна технологија по цена што ќе го освои македонскиот пазар.
Секој може да биде херој во очите на своето дете, но само еден е семеен херој во очите на сите – токму со ова мото беше промовирана новата „Opel Frontera“, најновиот „SUV“ модел што доаѓа на македонскиот пазар преку „Еуроимпекс“.
Настанот се одржа во дворот на „Roosty“, каде присутните имаа можност да се запознаат со двете верзии на „Frontera“ во вистинска германска атмосфера.
Посетителите уживаа во впечатливиот „Kanyon“ портокалов „GS“ модел и во „Khaki“ зелената „Edition“ верзија, која со бел кров и ретро челични тркала го доловува духот на авантурата.
Најголемо внимание привлече моделот со кровен шатор за четири лица, совршен за љубителите на патувања и природа.

– Новата „Opel Frontera“ е секојдневен херој кој семејствата го посакуваат. Со својот робустен дизајн, комфор, голем простор и достапна цена, овој автомобил е создаден за сите ваши животни авантури. И не, не е само за семејства – туку за сите што сакаат повеќе од своето возило – изјави Томислав Нафидов, бренд менаџер во „Еуроимпекс“.
Новата „Frontera“ се нуди на македонскиот пазар по фантастична цена од 21.000 евра за „Edition“ ниво на опременост со 110 КС, „HYBRID“ верзија и автоматски менувач.
За дополнителни 1.000 евра, купувачите добиваат кожен управувач, наслон за рака, 10-инчен екран со навигација, камера за возење наназад и безжичен полнач за телефон.

– Вистинската супермоќ на „Opel Frontera“ е нејзиниот фокус на деталите. Од јасниот, робустен изглед до воздушестиот, флексибилен ентериер, сè е дизајнирано за комфор и практичност – изјави Драган Јовев, продукт менаџер на Опел во „Еуроимпекс“.
Тој додаде дека багажниот простор изнесува дури 1.600 литри, а функцијата „Intelli-Seat“ за возачот и совозачот овозможува уникатна удобност и иновативен дизајн.
„Frontera“, за разлика од многу нови автомобили, нуди едноставно и интуитивно управување со инфозабавниот систем, а од основното ниво доаѓа со стандардна станица за паметни телефони.
Новата Frontera може да биде и целосно електрична.
Моделот „Frontera Electric“ со моќност од 83 kW (113 КС) и батерија од 44 kWh овозможува досег до 305 km со едно полнење (според WLTP).

Батеријата може да се наполни до 80% за само 26 минути на брза станица од 100 kW DC.
Во иднина се очекува и верзија со долг опсег, која ќе овозможи патување до 400 километри со едно полнење.
Со новата „Opel Frontera“, „Еуроимпекс“ го проширува „SUV“-портфолиото на македонскиот пазар и нуди комбинација на германска технологија, авантуристички дизајн и пристапна цена, токму она што го бараат современите семејства и љубители на возење.