НОВИОТ МОНАХ ГЕОРГИЈ ЌЕ БИДЕ НОВ МИТРОПОЛИТ ВО ОХРИД? Поддржувачите на владиката Партениј ќе протестираат пред празна резиденција

Поддржувачи на епископот антаниски г. Партениј, кои сметаат дека игуменот на Бигорскиот манастир има повеќе право да го наследи г. Тимотеј отколку скорозамонашениот Георгиј, најавуваат протести. Повикот за протест се шири преку социјалните мрежи, а најавен е за утре напладне пред резиденцијата на архиепископот на Скопското Кале.

6,398

На 12 јуни, Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во полн состав ќе одржи седница со една исклучително важна точка: избор на нов надлежен архиереј за Дебарско-кичевската епархија, по упокојувањето на митрополитот Тимотеј, потврди за Плусинфо портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА. г. Климент.

Архиепископот г.г. Стефан, според неофицијални информации, ќе го предложи јеромонахот Георгиј, кој наскоро треба да биде ракоположен во епископски чин.






Но, наместо оваа вест да биде дочекана со достоинство и со трпение, дел од јавноста, особено поддржувачи на епископот антаниски г. Партениј, кои сметаат дека игуменот на Бигорскиот манастир има повеќе право да го наследи г. Тимотеј отколку скорозамонашениот Георгиј, најавуваат протести.

Повикот за протест се шири преку социјалните мрежи, а најавен е за утре напладне пред резиденцијата на архиепископот на Скопското Кале.

Протест против што, всушност?

Веднаш се наметнува суштинското прашање: против што се протестира? Дали против канонската практика на Црквата според која изборот на митрополит е во надлежност на Синодот, а не на народна волја изразена преку статуси на Фејсбук?

Високи црковни извори во неформален разговор за Плусинфо порачуваат дека изборот на архиереј е строго црковна и духовна процедура, како и дека светиот Синод е телото што носи одлуки врз основа на долгогодишен духовен увид, посветеност и проценка на пастирските и монашките доблести на кандидатот.

Сè друго, велат тие, вклучувајќи ги и емотивните изливи на поддржувачи, е шум во системот.

Протестот – симболична грешка во време и во простор

Организаторите велат дека протестот е мирен и дека нема зад себе никаква структура.

Но, како што велат нашите соговорници од МПЦ-ОА, тоа не го менува фактот дека се протестира на погрешно место, во погрешно време и со погрешна порака.

Да биде иронијата поголема – токму во тој момент архиепископот г.г. Стефан ќе служи литургија во археолошкиот локалитет „Стоби“, по повод 1700 години од Првиот вселенски собор во Никеја – собор на кој учествувале и тројца епископи од територијата на денешна Македонија.

Нема посоодветен симболички момент за духовно единство, а не за раздори и протести, велат нашите извори.

Апел за разум

Црквата не е платформа за реалити-шоу. Нејзиниот темел не се лајкови и следачи, туку молитва и посветеност.

– Секој верник што навистина ја сака МПЦ-ОА треба да биде свесен дека протест против Синодот е протест против самиот духовен авторитет на Црквата. А тоа води во анархија, не во реформа. Затоа, наместо под прозорците на Резиденцијата на г.г. Стефан, револтот нека се исповеда во тишина пред иконата. Зашто митрополит не се бира со врева, туку со благодат и со послушание – велат високи извори од црквата.

📷 СЕ ЗАМОНАШИ ПОРАНЕШНИОТ АМБАСАДОР ВО ВАТИКАН Ѓоко Ѓорѓевски сега е монах Георгиј

Поврзани содржини