НОВИОТ ЛИДЕР НА СДСМ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ КОЧНИЧАР Заради него партијата не смее да прави отстапки, порачува Петровска

Во поткастот за Плусинфо, Славјанка Петровска, кандидатка за претседателка на СДСМ, објаснува зошто повикала двајца од четворицата кандидати за лидерското место во партијата да се откажат од трката.

1,139

„Важно е што пишува во програмите, но уште поважно е кој е човекот којшто со својот интегритет и капацитет, како и со визијата за тоа каде треба да оди СДСМ, ќе застане на чело на партијата. Тој не треба да биде кочничар или некој поради кој партијата ќе прави отстапки и од позиција на опозиција, туку треба да биде некој којшто бескомпромисно ќе се залага за позициите и интересот на СДСМ и при тоа да не ѝ наштети на интересот на државата“.






Ова е одговорот со кој Славјанка Петровска, кандидатка за претседателка на СДСМ, во поткастот на Плусинфо го објаснува својот повик двајца од четворицата кандидати да се повлечат од трката. Петровска одби да го коментира директното посочување на кандидатот Венко Филипче од страна на новинарот Бранко Героски.

– Ние сега зборуваме дека ја водиме битката за СДСМ, а не за нас поединците. Мислам дека таа порака, што ја упатив на време, е на место. Зашто, не би сакала после изборите да кажам „ама јас имав уште нешто да додадам“ – вели Петровска.

Единствената жена кандидат за лидер на СДСМ објаснува зошто е против поделбите во СДСМ, кои траат со години.

– За мене е погрешно јас сега да бидам избрана и да седнам во канцеларијата на Бихаќка со мислата дека сега се почнува од мене. Тогаш, со кого јас ќе работам? Самата со себе? Јас не мислам дека партиското дејствување треба да се сведе на тоа да ги тргнеме луѓето со кои не се согласуваме. За мене тоа е погрешно. Тоа е делење на гласови, не е множење. А партија која ги дели гласовите, не може да победи – вели Петровска.

Таа додава дека има сериозна намера веднаш по изборот да врти телефони, да ги бара луѓето кои беа отстранети од СДСМ во минатото, бидејќи тие се тука и се спремни да ѝ помогнат на партијата, но чекаат таа да се реформира.

Поврзани содржини