НОВИОТ АЛБУМ МОЖЕ ДА БИДЕ ПОСЛЕДЕН Џенифер Лопез се повлекува од сцената
Новиот долгоочекуван албум на латино дивата премиерно ќе биде објавен на 16 фавруари, носи наслов „This Is Me“ и инспириран е од љубов со Бен Афлек.
Џенифер Лопез за неколку дена ќе го објави новиот албум, кој како што најави може да и биде и последен бидејчи планира по овој проект да се повлече од сцената.
Новиот долгоочекуван албум на латино дивата премиерно ќе биде објавен на 16 фавруари. Тој е прв нејзин албум по 10 години, носи наслов „This Is Me“ и инспириран е од љубов со Бен Афлек. Заедно со албумот ќе излезе и филм.
– Вистината е дека навистина не знам дали некогаш ќе издадам албум по овој. Ова може да биде последниот – рече Џеј Ло.