Новинарската екипа на „Ал Џезира“ која известувала од протестот кој попладнево го организираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ била физички нападната за време на известувањето.
„Нè нападнаа со колегата снимател. Ми го турнаа микрофонот на земја додека снимав изјава, претходно ме прашаа дали сум од Ал Џезера и тоа беше повод за нападот“, напиша на социјалната мрежа Фејсбук, новинарката Милка Смилевска.