НОВИНАРКАТА НА ПУТИН ГИ ЗАГУБИ НЕРВИТЕ Зошто Русија уште не победила во војната? (ВИДЕО)

Се пожаливте дека се неодлучни. Прво, Украина е Украина. Не е како Грузија во 2008 година. Но, исто така, ова не е Украина, ова е НАТО. Сета нивна моќ сега се користи против нас. Сето нивно оружје, сета нивна опрема, сите нивни специјалци, нивните платеници, заклучува главната уредничка очигледно нервозна.

1,226

Уредничката на порталот РусијаДенес и блиска соработничка на Владимир Путин, Маргарита Симонјан беше многу нервозна на прашањето „зошто на Русија ѝ треба толку многу време за да победи во Украина“ на ТВ-дебата на руската државна телевизија, пишува Мондо.

Таа сепак проба да објасни „зошто уште не сме победиле“. Им рече на соговорниците дека Русија „води војна против НАТО“ и дека затоа е бавна „специјалната воена операција“.

 






– Ние се бориме со огромен, вооружен непријател. Можеби не ѝ е толку лесно на Русија да се бори со целото НАТО таму. Мора да има објективни причини зошто сè уште не сме победиле – рече таа.

– Треба да ѝ помогнеме на нашата армија и на нашиот врховен командант да победат наместо да се жалиме дека не победиле – додаде таа.

– Се пожаливте дека се неодлучни. Прво, Украина е Украина. Не е како Грузија во 2008 година. Но, исто така, ова не е Украина, ова е НАТО. Сета нивна моќ сега се користи против нас. Сето нивно оружје, сета нивна опрема, сите нивни специјалци, нивните платеници – заклучува главната уредничка.

Поврзани содржини