Новинарка се мачкаше со кал пред да се вклучи во живо и се фалеше дека помага (ВИДЕО)

Пристапот на нашиот репортер е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа ја отпуштивме посочената новинарка веднаш штом дознавме што сторила - се вели во соопштението на телевизијата.

670

Новинарка од германската телевизија РТЛ доби отказ откако непрофесионално и несовесно известуваше за подрачје погодено од поплавите што ја зафатија западна Германија.

– Чистење по поплавата: Новинарка на РТЛ помага да се расчисти Бад Мунстерајфел – е насловот на телевизискиот прилог на репортерката Сузана Олен.






Но, наскоро се појави видео и од случаен очевидец, каде што се гледа како новинарката намерно се мачка со кал по лицето и облеката. Поплавите однесоа 128 животи во Германија.

– Пристапот на нашиот репортер е во спротивност со нашите принципи и стандарди. Затоа ја отпуштивме посочената новинарка веднаш штом дознавме што сторила – се вели во соопштението на телевизијата.

Новинарката е отпуштена. РТЛ се извини за потезите на својата доскорешна вработена.

Поврзани содржини