Новинарите и медиумските работници ќе бидат едни од исклучоците од полицискиот час, најави денеска заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.
Таа појасни дека Одлуката на Владата беше јасна – се воведува полициски час, а Главниот штаб во Владата ќе дефинира исклучоци.
– Една од професиите за која тоа важи се и медиумите и новинарите, а како исклучоци се и доктори или медицински персонал, припадници на АРМ, на полицијата. Како се бориме со вирусот, така се бориме и со стравот и со дезинформациите, а единствена политика е да бидеме отворени и на располагање за сите прашања – додаде Шекеринска.
По седницата на Главниот штаб ќе се излезе со детали за ова прашање.