НОВИ ТВРДЕЊА ДЕКА ПРИГОЖИН Е ЖИВ „Жената со тажно лице“ од погребот на Пригожин не е неговата сопруга, туку жената на двојникот

„Дејли мејл“ дури пишува дека постојат сомнежи оти погребот и официјалните изјави за смртта на Пригожин се всушност само дел од разработена измама, а како еден од аргументите наведуваат дека само мал број луѓе присуствувале на погребот со силно обезбедување.

4,266

Руските медиуми тврдат дека „жената со тажен изглед“ која беше на погребот на Евгениј Пригожин не е неговата повлечена сопруга Љубов (52), туку жената на неговиот двојник Ирина Красавина.Тоа според руските медиуми говори дека во авионската нереќа не загинал основачот и шеф на Вагнер.

Ова е дел од тврдењата дека водачот на Вагнер е уште жив кои се појавија деновиве во повеќе светски медиуми.






„Дејли мејл“ дури пишува дека постојат сомнежи оти погребот и официјалните изјави за смртта на Пригожин се всушност само дел од разработена измама, а како еден од аргументите наведуваат дека само мал број луѓе присуствувале на погребот со силно обезбедување.

Каналот „База телеграм“, кој е поврзан со руските безбедносни служби, објави сторија за сопругата на двојникот.

Според Проект, независна руска новинска куќа, Леонид Красавин е барем еден од познатите двојници на Пригожин.

Погребот на Пригожин кој загина во авионска несреќа, се одржа во кругот на семејството и пријателите на гробиштата во предградието на неговиот роден град Св. Петербург.

Официјална Москва потврди дека Пригожин навистина загинал во несреќата, но се шпекулира дека тој е жив.

 

На Твитер денеска се споделува и видео од Пригожин кој говори за неговата ликвидација.

Поврзани содржини