📽 НОВИ ТЕНЗИИ ВО СЕВЕРНО КОСОВО Пукање се слуша во околината на Бањско, вооружени лица во дворот на манастирот

Група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот.

2,124

Претставници на медиумите кои се наоѓаат кај крстосницата за вклучување на патот кон селото Бањско информираат дека повремено се слушаат пукотници кои можат да се слушнат и на видео материјалите испратени оттаму.






Инаку Рашко-призренската епархија најостро го осудува последниот напад што се случи утринава на северот на Косово, кај селото Бањско, во кој загина еден косовски полицаец, а други двајца беа повредени.

– Станува збор за сериозен инцидент кој може да има големи последици и затоа е многу важно да се направи се за зачувување на мирот и редот. Епархијата изразува искрено сочувство до членовите на семејството на починатиот полицаец и искрено се надева дека двајцата ранетите ќе закрепнат што е можно поскоро – се наведува во соопштението.

Како што велат, од Епархијата се многу загрижени бидејќи според последните информации група вооружени, маскирани лица со оклопно возило упаднале во самиот манастир, при што ја пробиле заклучената капија на манастирот. Во моментов, како што беше соопштено, во манастирот има група на верници од Нови Сад, со свештеник, игуменот Данило и браќата од манастирот.

– Заради безбедност, браќата од манастирот и верниците се затворија во конакот, а заклучен е и храмот на манастирот. Вооружени маскирани лица се движат низ дворот и повремено се слушаат истрели – се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини