НОВИ СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ И СОНЧЕВИ КОЛЕКТОРИ Коњановски вети финансиска помош за Битолчани
Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Коњановски очекува преку новиот повик од Владата, Битола да добие уште најмалку 6-7 електрични автобуси со кои ќе се подобри јавниот превоз во општината.
Тони Коњановски, кандидат за градоначалник за општина Битола од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, синоќа гостуваше во дебатната емисија „Локални избори 2025 – изборни соочувања” на МРТ1, посочувајќи дека минатогодишниот мандат го извршувал посветено, одговорно, отчетно, а новиот мандат ќе значи континуитет на активностите кои секојдневно се реализираат на терен. Коњановски истакна дека Битола во изминатите четири години беше едно градилиште и посочи дека градот ќе продолжи да се гради и развива не само инфраструктурно, туку и во делот на културата и спортот.
Коњановски го елаборираше и проектот за топлификација на Битола, при што истакна дека станува збор за капитален проект од 40 милиони евра, дел е реализиран, а во делот на станицата за дотоплување ќе се реализира и дека на повидок се активностите за прочистителна станица.
– Во делот на топлификацијата, неколку проекти се во фаза на реализација, топлификацијата е веќе дел од проектот кој е завршен. Тоа е еден од капиталните проекти над 40 милиони евра кој ќе се реализираат и се реализираат останува уште станицата за дотоплување. Пред отпочнување сме на работи и активности за прочистителната станица – рече Коњановски.
Тој очекува преку новиот повик од Владата, Битола да добие уште најмалку 6-7 електрични автобуси со кои ќе се подобри јавниот превоз во општината.
– Конечно рестартирање на меѓурегионалното јавно претпријатие за превоз Пелалинк. Го рестартиравме, ги ставивме сите капацитети кои ги имаме во делот на транспортни средства, минибус, неколку електрични автобуси од помала категорија, комби возила заедно со општините Новаци и Могила. Од Владата на Република Македонија од новиот повик информирани сме дека од пакетот на 120 електрични автобуси за локалните самоуправи освен градот Скопје кадешто ќе припаднат 80,40 остануваат за нас од кои Општина Битола треба да добие најмалку 6-7 – рече тој.
Коњановски кажа што се планира во делот на заштита на животната средина во Битола.
– Проектот на топлификација решава дел од проблемите, но не комплетно. Современ систем за ослободување на возилата и од централното градско подрачје и воопшто од нашето користење е воспоставување на квалитетен градски сообраќај. Со набавка на дел од еколошки автобуси ќе се обидеме да ја санираме положбата колку што може и на граѓаните да им овозможиме алтернатива. Сме со идеа и да го затвориме централното градско подрачје и тоа веќе постои одлука се чека сообраќајниот режим кој треба да стапи. Во делот на субвенциите имаме премногу субвенции и во делот на инвертери, колектори за сончева енергија, 10 училишта се покриени со сончеви колектори, а до крајот на мандатот ќе бидат сите, имаме и енергетски фасади – вели Коњановски.