НОВИ СТАПКИ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВА 6,5 отсто за денарските, а 16,5 отсто за девизните обврски

Оваа измена ќе се применува од јуни годинава и во линија со Стратегијата за поддршка на денаризација на домашната економија.  

213

Народната банка ја намали стапката за задолжителна резерва од денарските обврски од 8 на 6,5 отсто и ја зголеми на стапката на задолжителна резерва од обврските во странска валута од 15 на 16,5 отсто. Оваа измена ќе се применува од јуни годинава и во линија со Стратегијата за поддршка на денаризација на домашната економија.

„Преку овие промени се зголемува просторот за промени во каматната политика на банки во полза на штедењето во домашна валута. Во таа насока, се очекува банките да направат прилагодување  на каматните политики во корист на денарски депозитни производи, што ќе ги зголеми приносите на денарското штедење“, соопшти НБ по седницата на Советот.






На седницата се донесени и измени и дополнувања на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик се даваат јасни насоки за постапување од страна на банките при продажбата на достасаните, нефункционалните или отпишаните побарувања од договор за кредит.

„Овие насоки треба да овозможат унифициран пристап и натамошен развој на пазарот на продажба на кредитните изложености, вклучително и на нефункционалните кредитни изложености, што е една и од мерките предвидени со Стратегија за поттикнување на справувањето и подобрувањето на управувањето со нефункционалните кредити. Покрај тоа, се овозможува и постепено усогласување со соодветните барања и практики присутни во Европската Унија“, појаснија од НБ.

Советот ги разгледа и информациите во однос на цикличниот системски ризик кај кредитирањето.

„Притоа, врз основа на податоците од последниот квартал од 2021 година беше констатирано дека нема потреба од воведување на мерки за ограничување на кредитната активност“ се наведува во соопштението.

На седницата е  донесена и одлука за стапката на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите во РСМ, како и на стапката на противцикличен заштитен слој на капиталот за изложеностите кон други земји во висина од 0 отсто

Советот го усвои и Извештајот за управувањето со оперативните ризици на Народната банка за 2021 година.

Поврзани содржини