НОВИ СНИМКИ ЗА ДРАМАТА НА МЛАДИОТ ХРВАТ ШТО ИСЧЕЗНА ВО БЕЛГРАД Дали тој плива во Сава?
Таткото на Матеј Периш потврди дека на објавените снимки е неговиот син, но никој не може точно да објасни што се случува на снимките и каква судбина го снашла младиот сплиќанец.
Приказната за Матеј Периш, младиот Хрват кој исчезна на новогодишната ноќ во Белград, се заплетка, откако на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како тој трча по улиците, запира такси, а потоа и како плива во Сава.
Редакцијата „Ало“ пренесе ексклузивни снимки од улиците и шеталиште, на кои се гледа младо момче кое по описот одговара на исчезнатиот Периш, како трча по шеталиштето во правец од Бетон халата накај Савска променада, а потоа и по околните улици. Во еден момент пробува да застане такси, но возачот не го прима во возилото.
Снимките на „Ало“ можете да ги погледнете ТУКА.
На последното видео се гледа лице кое плива во Сава покрај Бетон халата.
Дали е тоа Матеј Периш?
– Можам да потврдам дека на објавените снимки навистина е мојот син и тоа на оние во градот каде трча и бара такси, како и на оние каде плива во вода. Јас само знам дека во клубот ништо погибелно не се случило по него, но се уште не може да се реконструира што се случило и каков е контекстот кој би го објаснил снименото – татко му на Матеј, Ненад Периш.
Тој се наоѓа во Белград во очекување на добри вести за судбината на неговиот син.
– Кога доаѓав во Белград имав лошо чувство дека сето ова нема добро да се заврши, но како што одминува времето, моите надежи се поголеми. Не се огромни, поминаа четири дена, но се добри. Ме прашуваат зошто полицијата не ангажирала нуркачи? Сава е длабока четири, пет метри и не е тоа море, па да може просторот да се огради, а и немаше информација од бродовите дека би било потребно да се ангажираат нуркачи. Пофалете ги сите луѓе zа гостопримството и срдечноста овде во Белград, како и полицијата, која сериозно си ја работи својата работа – изјави Ненад Периш.
Се огласи и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјавувајќи дека знае многу детали за случајот со исчезнувањето на Матеј Периш од Сплит во Белград, но дека полицијата ќе биде единствената отворена за дополнителни информации за настанот.
– Полицијата ќе биде единствената која ќе даава дополнителни информации, засега немаат суштинско решение за негово пронаоѓање – кусо одговори српскиот претседател.
Како што јавуваат српските медиуми, полицијата ја пребарува реката, бидејќи постои сомневање дека Матеј паднал преку оградата откако го напуштил клубот „Готик“. Пред да замине од клубот, Матеј и неговите пријатели ручале во блискиот ресторан. Во текот на денот немало никакви инциденти ниту пак има индиции дека се случила тепачка внатре или надвор од клубот. Во клубот му се губи трагата.
Матеј Периш со седум пријатели од Сплит дошол во Белград, за дочек на Новата година.