Нови случаи на заразени фудбалери во Манчестер Сити
Заразени со новиот коронавирус во редовите на Сити од порано се и првиот голман Едерсон, дефанзивците Кајл Вокер и Ерик Гарсија, како и напаѓачите Габриел Жезус и Феран Торес.
Премиерлигашот Манчестер сити потврди денеска три нови случаи на заразени со ковид-19 во своите редови.
Како што е соопштено, станува збор за резервниот голман Скот Карсон и играчот за врска Кол Палмер, како и еден член на стручниот штаб.
Заразени со новиот коронавирус во редовите на Сити од порано се и првиот голман Едерсон, дефанзивците Кајл Вокер и Ерик Гарсија, како и напаѓачите Габриел Жезус и Феран Торес.
Тренерот Пеп Гвардиола нема да може да смета за вечерашниот меч против градскиот ривал Манчестер јунајтед во полуфиналето на англискиот Лига куп ниту на повредениот Ајмерик Лапорта.