Нови скандалозни снимки: Перез вели дека Роналдо е луд, а Мурињо е идиот!

Фудбалерите се себични. Не можете да сметате на нив за ништо. Имам ужасна слика за фудбалери, страшна, страшна… Сум видел многу работи во мојот живот, но никогаш нешто слично на нив - вели Перез.

801

Шпански „Ел Конфиденсијал“ вчера објави тајно снимени разговори на Флорентино Перез во кои претседателот на Реал Мадрид говори лошо за легендите на клубот, Икес Касиљас и Раул Гонзалес.

Синоќа и утринава медиумот објави уште два текста во кои објавува транскрипти од разговори кои Перез ги водел во различни временски периоди и во кои ги вреѓа легендите на Реал.






Во третиот текст објавен утринава, „Ел Конфиденсијал“ носи детали од разговор кој се случил во октомври 2012 година, а во кој Перез говори лошо за Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо.

– Тој е луд. Типот е идиот. Можеби мислиш дека тој е нормален, но не е. Да е, не би правел се ова што го прави. Зошто мислиш дека стално прави глупости? – говори Перез за Роналдо, па додал:

– Мендеш нему не му е шеф. Баш како што не е ни Мурињо. Нема никакво влијание. Ни за интервјуа. Нема е*ена шанса. Тие двајца се размазени типови кои не ја гледаат реалности. Да се паметни би заработувале многу повеќе пари. Говориме за многу пари кога се во прашање правата на ликот и делото. Го имаат и тоа лице кое ги одбива луѓето. Мадрид ги изеде немаат своја глава. Роналдо е моментално гомно, а Мурињо идиот. Не е дека Роналдо не сака да игра… Малку е глуп. Се вози наоколу без возачка дозвола. Притисокот го мачи, но на овој другиот тоа не му е гајле.

Тука не застанал со контроверзните изјави затоа што зборувал и за Мурињо и Коентрао.

– Кристијано и Мурињо се луѓе со големо его. Двајцата се разгалени и одбиваат да ја прифатат реалноста. Коентрао е идиот. Човекот вози без возачка дозвола. Тој е обично гомно – кажал Перез.

Шпански „Ел Конфиденсијал“ намерно или ненамарно дојде до снимки кои датираат уште од 2006 година, снимки на кои Перез „гази“ , негативно коментира за играчите кои потекнаа од школата на Реал и едноставно одбележаа ера во овој клуб.

– Бекам е добро и многу паметно момче. Заработува 30 милиони евра годишно. Роналдо Назарио исто така. Зидан добива по 25 милони евра. И тука е Раул кој не продава апсолутно ништо. Човече, ништо, ниту дрес, нема медиумско внимание. Тој е лош, верува дека Реал е негов и тој е една од причините поради која си заминав. Го уништува клубот, моралот на играчите, сè. Многу лош човек – вели Перез.

– Фановите го обожаваат Касилјас.. Не знам зошто толку го бранат и го сакаат. Тој е една измама, а другата е Раул. Ова се двете најголеми измами во историјата на Реал Мадрид, – вели Перез во снимките.

Флорентино воедно генерално нема добро мислење за фудбалерите.

– Фудбалерите се себични. Не можете да сметате на нив за ништо. Имам ужасна слика за фудбалери, страшна, страшна… Сум видел многу работи во мојот живот, но никогаш нешто слично на нив – вели Перез.

Првиот човек на Реал се огласи по најновите случувања порачувајќи дека ова намерно се прави за да се оцрни неговото име, но и да се направи штета на проектот за европската Супер лига.

Поврзани содржини