НОВИ РУСКИ РАКЕТНИ НАПАДИ ВРЗ ГРАДОВИ ВО УКРАИНА Противвоздушните единици собориле неколку проектили

Нападите погодија широк опсег на цели, вклучувајќи градови кои се протегаат од Житомир и Ривне на запад до Дњепар и Полтава во централна Украина.

221

Руската војска утрово изврши ракетни напади врз голем број украински региони, вклучително и црноморското пристаниште Одеса и вториот по големина град во Украина, Харков, соопштија регионалните власти. Експлозии се регистрирани и во главиот град Киев.

Нападите погодија широк опсег на цели, вклучувајќи градови кои се протегаат од Житомир и Ривне на запад до Дњепар и Полтава во централна Украина.






Гувернерот на регионот Одеса, Максим Марченко, изјави дека во масовен ракетен напад е погодена енергетска централа во пристанишниот град, што предизвика прекин на електричната енергија.

„Како резултат на масовниот ракетен напад беше погодена енергетската инфраструктура во регионот, како и станбени згради“, објави Марченко на Телеграм.

Тој рече дека противвоздушните единици собориле некои проектили и дека може да следат уште напади.

– За среќа, нема жртви. На сила се рестрикции за електрична енергија – наведе тој.

Гувернерот на регионот Харков, Олех Синехубов, изјави дека градот и регионот биле погодени од околу 15 проектили.

„Инфраструктурата повторно беше меѓу целите. Се собираат информации за жртви“, објави тој на Телеграм.

Уште еден удар е регистриран во централниот град Дњепар и во западните градови Луцк и Ривне.

Поврзани содржини