НОВИ ПРИЈАВИ ЗА ПОСТАВЕНИ БОМБИ Опасност од експлозија има во 4 скопски училишта, полицијата е на терен

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо информираат дека околу 14 часот преку меил адреса било пријавено дека во 4 скопски училишта има поставени бомби.

558

И денеска, вторпат неделава, се испратени закани за поставени бомби во средни училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за Плусинфо информираат дека околу 14 часот преку меил адреса било пријавено дека во 4 скопски училишта има поставени бомби. Станува збор за училиштата „Орце Николов“, „Никола Карев“, „Здравко Цветковски“ и „Јосип Броз Тито“.






– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.

На социјалните мрежи веќе се рашири информацијата дека едно од четирите училишта е и гимназијата „Никола Карев“ во Општина Карпош, каде што веќе е извршена евакуација и сите ученици заедно со персоналот го напуштиле објектот.

Поврзани содржини