НОВИ ПРЕГОВОРИ САД-РУСИЈА ЗА УКРАИНА Состанокот ќе се одржи в понеделник, домаќин ќе биде Ријад
Соопштено е дека во руската делегација ќе бидат сенаторот Григориј Карасин, претседател на Комитетот за меѓународни прашања и Сергеј Беседа, советник на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Нова рунда американско-руски преговори ќе се одржи во понеделник на 24 март во Ријад главниот град на Саудиска Арабија.
Би-би-си јавува дека тоа на руските државни агенции им го изјавил Јуриј Ушаков, помошник за надворешна политика на претседателот Владимир Путин.
Соопштено е дека во руската делегација ќе бидат сенаторот Григориј Карасин, претседател на Комитетот за меѓународни прашања и Сергеј Беседа, советник на директорот на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
Ушаков рече дека Карасин и Беседа ќе го предводат тимот на руски експерти.
Тас објави дека Карасин ја потврдил оваа информација.
Ушаков рече дека американската страна го прифатила местото и времето на средбата, но дека објавата ќе ја остави на Вашингтон.
Стив Виткоф, специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, вчера изјави за Фокс њуз дека претставниците на Русија и САД ќе разговараат за деталите од договорот за прекин на огнот во Украина во недела, на 23 март, во саудискиот град Џеда.