НОВИ ПРАВИЛА ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Се воведуваат дигитални дозволи и нови обврски за постарите од 65 години
Според статистиката, постарите возачи се вклучени во значителен број сообраќајни несреќи. Во првите седум месеци од 2024 година, лицата над 65 години предизвикале 2.688 несреќи, во кои 779 лица биле повредени, а 24 лица од оваа возрасна група ги загубиле животите.
Европскиот парламент усвои измени на директивите за возачки дозволи со кои се меѓу другото во сите земји се воведува дигитална возачка дозвола и покус рок на важење на возачките за постарите од 65 години.
Земјите-членки на ЕУ ќе имаат пет и пол години да ја имплементираат оваа дигитална опција, додека граѓаните сè уште ќе имаат право да побараат физичка верзија на дозволата.
Промената која предвидува земјите-членки да воведат пократок рок на важење на возачките дозволи за лица над 65 години предизвика загриженост и реакции, особено од организациите што ги штитат правата на постарите лица.
AGE Platform Europe, чадор организација што ги собира здруженијата за правата на постарите лица од цела Европска Унија, реагираше на новата одредба.
– Ваквите мерки не се засноваат на научни докази што би го оправдале автоматското скратување на важењето на возачката дозвола по одредена возраст. Наместо тоа, потребна е индивидуална проценка на способноста, без оглед на возраста – велат од Организацијата.
Според нив, многу постари граѓани сè уште активно, одговорно и безбедно учествуваат во сообраќајот, па неоснованите ограничувања би можеле негативно да влијаат на нивната мобилност, независност и квалитет на живот.
Секоја земја-членка ќе одлучи индивидуално дали и како да ја примени одредбата за пократко траење на возачките дозволи за постарите возачи.
Според статистиката, постарите возачи се вклучени во значителен број сообраќајни несреќи. Во првите седум месеци од 2024 година, лицата над 65 години предизвикале 2.688 несреќи, во кои 779 лица биле повредени, а 24 лица од оваа возрасна група ги загубиле животите.