НОВИ ПРАВИЛА ЗА УВОЗ НА РАБОТНИЦИ Хрватска планира построги услови за работодавачите

Се предлага на работодавачите да им се даде дополнителна обврска да обезбедат докази за компетенциите што ги поседуваат за работниците во дефицитарни занимања за да се избегне увоз на оние работници кои не поседуваат знаења и вештини за конкретно занимање.

272

Хрватите воведуваат нови, многу построги правила за увоз на странски работници. Со законски измени кои се подготвуваат за подобрување на условите за увоз на странска работна сила, хрватското Министерство за внатрешни работи планира да го зајакне надзорот врз работодавачите со поставување нови услови, како што е воведувањето на соодносот меѓу бројот на домашни и странски работници.

-Заедно со многу други измени, сакаме да ги истакнеме оние кои подобро го регулираат и надгледуваат вработувањето на странска работна сила со цел да се заштитат странските работници, но и да се овозможи нивно вработување кај работодавачите на кои навистина им е потребна таа работна сила, особено квалификувани – велат од Министерството за внатрешни работи.






Се предлага на работодавачите да им се даде дополнителна обврска да обезбедат докази за компетенциите што ги поседуваат за работниците во дефицитарни занимања за да се избегне увоз на оние работници кои не поседуваат знаења и вештини за конкретно занимање.

Исто така се планира ограничување на бројот на барања за издавање работни дозволи по работодавач, во согласност со големината на работодавачот и неговите реални потреби за вработување, посебно за правните лица кои се специјално основани за увоз на работна сила.

Дополнително, од работодавачите ќе се бара да имаат одреден сооднос на бројот на вработени домашни и странски работници. Фирмите мораа да имаат еден домашен вработен најмалку шест месеци.

Исто така, се заоструваат проверките за долговите на работодавачите.

Компаниите кои сакаат да воведат работна сила ќе треба да имаат минимален месечен промет што ќе го остварат.

Според претходните најави, еден од предлозите е продолжување на важноста на работната дозвола од една на 3 години, како и продолжување на сезонските дозволи за работа за одредени професии од 6 на 9 месеци.

Тие сакаат да воведат и измени според кои граѓаните на трети земји при промена на работодавачот нема да мора да добиваат нова дозвола за престој и работа.

Во Хрватска лани биле издадени 172.499 дозволи за престој и работа на државјани на трети земји. Со измените, кои се најавуваат подолго време, треба подобро да се регулираат и надгледуваат работодавачите, но и да се воведат контроли на квалитетот на трудот што работодавачите го увезуваат.

 

Поврзани содржини