НОВИ ПРАВИЛА ЗА ТЕКСТИЛОТ УВЕЗЕН ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА Дигитален пасош ќе кажува сѐ за облеката

Со скенирање на QR код, потрошувачите ќе можат да проверат дали тврдењата на модната марка за „зелено“ или еколошко потекло на одредено парче облека се точни.

134

Европската унија од 2027 година планира да воведе дигитален пасош за облеката наменета за нејзиниот пазар. Со него ќе се докажува потеклото на облеката, а податоците за тоа потрошувачите ќе можат да ги видат со скенирање QR кодови или електронски ознаки.

Со скенирање на QR код, потрошувачите ќе можат да проверат дали тврдењата на модната марка за „зелено“ или еколошко потекло на одредено парче облека се точни.






Дигиталните пасоши ќе им кажат на потрошувачите од што е направена облеката, колку енергија, вода и хемикалии се користени за нејзино производство и кој бил вклучен во секоја фаза од нивното производство.

Добавувачите на текстил од Бангладеш, вториот најголем извозник на облека во светот, можеби ќе мора да ја имплементираат почетната верзија на дигитален зелен пасош за облека извезена на европскиот пазар уште во 2027 година, според анализата на Истражувачката служба на Европскиот парламент.

Поврзани содржини