НОВИ ПРАВИЛА ЗА ЕВРОПСКИТЕ ВОЗАЧИ СО ДОЗВОЛИ ЗА Б КАТЕГОРИЈА ОД 2028 ГОДИНА Ќе можат да возат возила со тежина од 4,25 тони
Според актуелните правила, возач со возачка дозвола од Б категорија може да вози моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од 3,5 тони и на кои нема повеќе од осум места за седење, не сметајќи го седиштето на возачот.
Љубителите на кампување низ Европа кои поседуваат возачка дозвола од Б категорија од 2028 година ќе можат да возат возила со тежина од 4,25 тони.
Зголемувањето на носивоста на возилата кои ги возач возачите со оваа дозвола нема да важи за сите, туку само за оние кои го положиле возачкиот испит по 1999 година.
Промената е дел од ревидираната Директива на ЕУ за возачки дозволи, усвоена во 2023 година. Земјите-членки имаат 10 години да ги воведат новите правила, а Германија веќе објави дека тие нема да стапат во сила до 2028 година. Дотогаш, не е исклучена можноста за воведување дополнителни барања, како што се задолжителна обука или дури и посебен испит, објави Феникс магазин.
Германскиот автоклуб ADAC верува дека ваквите промени би можеле да ги охрабрат помладите генерации почесто да избираат кампер комбиња како форма на патување.
Овој тренд е веќе во пораст: според податоците на специјализираниот портал „Focus Caravaning“, во 2023 година има зголемување од 7% во регистрацијата на нови кампер комбиња, додека бројот на преноси на сопственост се зголемил за 8%. Сепак, пандемските години 2020 и 2021 година остануваат ненадминати во однос на рекордниот број регистрации.
На овој начин, ЕУ се обидува да балансира помеѓу поголемата достапност на кампер-приколки и безбедносните стандарди, додека индустријата за кампер-приколки смета на нов бран интерес – особено кај помладите возачи.
Според актуелните правила, возач со возачка дозвола од Б категорија може да вози моторни возила чија најголема дозволена маса не е поголема од 3,5 тони и на кои нема повеќе од осум места за седење, не сметајќи го седиштето на возачот.