📽 НОВИ НАПАДИ НА ЗАПАДНИОТ БРЕГ Израел тврди дека ракетирал терористичка ќелија во Џенин

Израел соопшти дека палестинските напади низ северниот дел на Западниот Брег, во кои загинаа 16 лица, се терористички напади и оти од вторникот вечерта, неговиот одговор имал за цел само да ги спречи нападите врз Израел од Западниот Брег.

68

Израелската армија рано утринава изврши воздушни напади во градот Џенин на Западниот брег, во кои, како што соопшти, гаѓала „терористичка ќелија“, на третиот ден од конфликтот на територијата, информираа локалните власти.

Израел соопшти дека палестинските напади низ северниот дел на Западниот Брег, во кои загинаа 16 лица, се терористички напади и оти од вторникот вечерта, неговиот одговор имал за цел само да ги спречи нападите врз Израел од Западниот Брег.






Израелските одбранбени сили (ИДФ) во четвртокот соопштија дека елиминирале Абу Шуџа, според нив, „шеф на терористичка мрежа во Нур Шамс“.

 

Палестинците ги гледаат нападите како проширување на војната во Газа и обид да се одржи повеќедецениската воена власт на Израел над територијата.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека повеќе од 650 Палестинци се убиени на Западниот Брег од почетокот на војната на 7 ноември минатата година.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итно запирање на израелската операција на Западниот Брег. и во изјавата објавена доцна синоќа, ги повика властите да ги заштитат цивилите.

📷 „ГО ЕЛИМИНИРАВМЕ АБУ ШУЏА“ Израелската војска ја шири војната на Западниот Брег?

 

Поврзани содржини