НОВИ ЛОКАЦИИ ЗА „ЗОНСКО ПАРКИРАЊЕ“ ВО АЕРОДРОМ Општина најави проширување и во Реонски центар и во Ново Лисиче

Аеродром станува урбана и зелена општина, со доволен број паркинг места и организиран систем за паркинг. Со проширувањето на опфатот општината го реализира ветување за обезбедување доволен број слободни паркинг места за жителите на Аеродром и отстранување на хаварисаните возила“, се вели во известувањето од Општина Аеродром.

141

По барање на граѓаните, а како резултат на заложбите на општината за воведување ред во паркирањето и сообраќајот, по надминување на административните пречки, вчера во Општина Аеродром започна реализацијата на проектот „Зонско паркирање“ кој ќе се реализира во две фази и се очекува да заврши до крајот на годината соопштуваат од Општината.

„Првата фаза ги опфаќа формирање и обележување на паркинг зони на булеварот Јане Сандански, како и улиците 23 Октомври, Ангел Димовски и Коста Новаковиќ, а втората фаза ќе ги опфати Реонски центар и Ново Лисиче, по завршување на анкетата која ќе се спроведе во следниот период. Аеродром станува урбана и зелена општина, со доволен број паркинг места и организиран систем за паркинг. Со проширувањето на опфатот општината го реализира ветување за обезбедување доволен број слободни паркинг места за жителите на Аеродром и отстранување на хаварисаните возила“, се вели во известувањето од Општина Аеродром.

Поврзани содржини