Нови главоболки за Либан

Поради експлозија на скоро 3.000 тони амониум нитрат складирани во главното пристаниште во Либан, градските болници беа преполни, а двете болници кои примаа пациенти со ковид-19 беа сериозно оштетени.

714

Либан се соочи со остар пораст на бројот на заразени со коронавирус по катастрофалната експлозија во пристаништето во Бејрут, во која загинаа 180, а беа повредени околу 6.000 луѓе.

Здравствените власти денес повикаа на воведување на двонеделна изолација за да се запре ширењето на инфекцијата.






Поради експлозија на скоро 3.000 тони амониум нитрат складирани во главното пристаниште во Либан, градските болници беа преполни, а двете болници кои примаа пациенти со ковид 19 беа сериозно оштетени.

Се очекуваше зголемување на бројот на заразени со новиот вирус и се предупредуваше за опасност од гужви во болниците, погребите и при претресот на урнатините.

Покрај тоа, избувнаа протести меѓу Либанците кои го искажаа својот гнев кон владејачката класа затоа што сметаат дека е некомпетентен и безгрижена.

Во неделата се регистрирани 439 нови случаи на инфекција, а шест лица починале.

Така, вкупниот број заразени од вирусот ковид-19 достигна 8.881 во оваа мала медитеранска земја со малку повеќе од пет милиони жители. Од вирусот досега починаа 103 лица.

Во меѓувреме, палестинската агенција за бегалци на ООН (УНРВА) соопшти дека четворица Палестинци починале од вирусот во текот на викендот, што го удвојува бројот на смртни случаи од оваа болест во палестинските кампови за бегалци.

Првично, строгите мерки го држеа под контрола бројот на случаи, но имаше се повеќе заразени кога полицискиот час се укина, како и обврската за изолација и единствениот меѓународен аеродром во земјата беше отворен на почетокот на јули.

Либанскиот министер за здравство Хамад Хасан предупреди дека вистинскиот број на заразени може да биде многу поголем.

Тој апелираше до сите да носат маски, велејќи дека сега вирусот се шири во секој град и скоро секое село во Либан и дека е прашање на „за живот и смрт“, и дека приватните и јавните болници наскоро нема да можат да прифаќаат пациенти.

Поврзани содржини