НОВИ ГАРАЖИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО КАРПОШ Лукровски ветува современо решение за паркинг проблемите

Кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски, најави изградба на монтажни гаражи со повеќе од 120 нови паркинг места и фотоволтаици во Карпош 4.

52

Кандидатот на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Карпош, Сотир Лукровски, вети изградба на нови монтажни гаражи во Карпош 4, со што ќе се обезбедат повеќе од 120 нови паркинг места.

– Ве поздравувам од моето маало од Карпош 4. Овде сум 52 години, а ништо не е променето со овој паркинг откога знам за себе. Во меѓувреме се изградија нови згради, но хаосот остана и во долниот дел со трговскиот центар, и овде на кејот на Вардар – изјави Лукровски.






Тој потенцира дека со проектот ќе се реши долгогодишниот проблем со паркирањето во овој дел од општината.

– Ветувам нови монтажни гаражи во овој дел, со над 120 нови паркинг места кои ќе завршуваат со фотоволтаици – ем корисно, ем како заштита на возилата од сонце, град и други влијанија – додаде кандидатот.

Лукровски нагласи дека бара доверба од граѓаните за, како што рече, „ова конечно да биде сторено.“

– Ја барам вашата доверба и ова ќе биде сторено. Ветено – порача Лукровски.

Поврзани содржини