НОВИ ГАФОВИ НА БАЈДЕН Градоначалничката на Чикаго ја нарекол „господине“ ВИДЕО

Американскиот претседател ја помешал телевизијата со телефонски разговор кога на гледачите им раскажал за комуникацијата со вработен во една болница.

551

Американскиот претседател Џо Бајден во телевизиски настап, во кој зборувал за задолжителната вакцинација кај приватните работодавачи, повторно направил неколку гафа. Тој на градоначалничката на Чикаго Лори Лигхтфуд ѝ се обратил со „господине“.

-Господине градоначалник, ви благодарам на поканата за посета на вашиот град. Ви велам, секогаш кога ќе дојдам во Чикаго, посакувам некого да украдам и да го донесам во Вашингтон. Тоа го направив веќе неколку пати – ѝ рекол Бајден на градоначалничката.






Некои од присутните сметале дека Бајден всушност мислел на градоначалникот Елк Гров Вилиџ, Краг Џонсон, пишува Експрес. Имено, при патување во таа населба во Илиноис претседателот ги повикал приватните работодавачи да воведат задолжителна вакцинација.

Меѓутоа, приказната тука не завршува. Бајден направил дополнителна грешка кога се обидувал да се реферира на претседателот на сенатот на Илиноис Дон Хармон.

-И Охајо, Пенсилванија, Охајо Пенсилванија, јас сум од Пенсилванија, претседател на Илиноис – рекол Бајден.

Потоа американскиот претседател ја помешал телевизијата со телефонски разговор кога на гледачите им раскажал за комуникацијата со вработен во една болница.

-Синоќа бев на телевизија, на телевизија. Телефонски разговарав со лице од итното одделение на болницата – си споменал Бајден.

Поврзани содржини