НОВИ ЕУ-ПРАВИЛА ЗА ПЛАТФОРМИТЕ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ НЕДВИЖНИНИ Изнајмувачите ќе мора да ги регистрираат своите имоти
Целта на регулативата усвоена во 2024 година, е да се намали сивата зона и да се направи пазарот потранспарентен.
Платформите Booking.com, Airbnb и слични кои се користат за изнајмување недвижности ќе мора да бидат потранспарентни од 20 мај годинава кога почнува примената на регулативата на ЕУ според која ќе треба да ги регистрираат сопствениците на недвижности што нудат онлајн краткорочно изнајмување.
Целта на регулативата усвоена во 2024 година, е да се намали сивата зона и да се направи пазарот потранспарентен.
Според регулативата, секој недвижен имот што се нуди како сместувачки капацитет за одмор преку интернет портали треба да добие регистрациски број, а изнајмувачите ќе имаат идентификациски број.
Ова треба да им овозможи на надлежните органи да проверат дали изнајмувачот е законски регистриран. Покрај тоа, платформите треба да ги известуваат властите преку стандардизиран онлајн портал колку често се изнајмуваат становите и колку гости престојуваат во нив. Покрај тоа, општините и градовите ќе можат сами да одлучат дали да ја воведат оваа обврска за регистрација.
– Регулативата е „остар меч“, но некој мора да го замавне – вели Олаф Кирштајн-Хартман, директор на Здружението на закупци на Баден-Виртемберг.
Ова, додава тој, бара повеќе вработени и подобри ресурси во градовите и општините. Кирштајн-Хартман, исто така, бара сите градови со проблеми со пазарот на домување да воведат забрана за злоупотреба на станбен простор, а во моментов покраината ја остава таа одлука на локалните власти.
Интернет порталите за изнајмување се согласни да ги спроведуваат новите правила.
-Во Booking.com, ние ја поддржуваме новата регулатива на ЕУ и веруваме дека таа придонесува за јасни и униформни правила за сите учесници во секторот за краткотрајно изнајмување – велат од Booking.
И Airbnb ги поздравува новите правила. Платформата, тврдат тие, активно ја поддржува имплементацијата.