Нови дуални паралелки во Велес од машинска, електротехничка, хемиско-технолошката и здравствена струка

Во двете средни стручни училишта во Велес е планирано да се запишат вкупно 508 ученици во прва година.

262

Во велешките средни стручни училишта „Коле Неделковски“ и „Димитрија Чуповски“ од септември се отвораат нови паралелки со струки барани од компаниите: машинска, електротехничка, хемиско-технолошката, угостителско – туристичката и здравствена.

Во двете учишта од денеска се поставени штандови каде што полуматурантите се информираат за придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование.






Во двете средни стручни училишта во Велес е планирано да се запишат вкупно 508 ученици во прва година. Од нив 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик се во СОУ „Коле Неделковски“, а останатите 186 во 6 паралелки на македонски јазик во СОУ „Димитрија Чуповски“.

Двете училишта денеска ги посети и министерката за образование Мила Царовска која, како што рече се надева дека полуматурантите ќе се определат да изучуваат некоја од дефицитарните стуки.

-До уписите во средно преостанува нешто повеќе од 1 месец, доволно време полуматурантите добро да размислат и да донесат вистинска одлука според личните афинитети и состојбата на пазарот на трудот.Верувам дека младите нема да погрешат ако одлучат да одберат некоја од посочените струки, особено во оние каде имаме дуално образование, а тоа e во хемиско – технолошката и машинската струка, преку кое, благодарение на поддршката од крупни локални компании како Брако, Леов, Маркарт и Ронтис ќе има добро организирана практична обука за учениците директно на работно место  –  рече Царовска.

Од следната учебна година за учениците од дуалните паралелки Министерството за образование воведува и стипендии од 3500 денари месечно.

 

Поврзани содржини