Американската национална академија на науки дала нов прилог на тезата дека новиот вид на коронавирус може да се шири и преку воздух, а не само преку капките што се испуштаат при кивање или кашлање.
Иако истражувањата не се завршени, резултатите достапни на истражувањето укажуваат на аеросолизација на дишењето, напишал Харви Финеберг, лидер на Постојаниот одбор за инфективни болести и здравствени ризици на 21-виот век, во писмо доставено до Белата куќа.
Американскиот центар за контрола и превенција на болести (CDC) и останатите здравствени агенции досега инсистирале на тоа дека примарниот начин на пренесување на тешкиот акутен респираторен синдром SARS-COV-2 е преку поголеми респираторни капки, кои луѓето ги исфрлаат преку кашлање и кивање.
Дејството на тие капки е од еден до два метри, а вирусот може да се задржи и на површините, од каде луѓето може да го соберат со допирање на устата, носот или очите.
Меѓутоа, ако ковид-19 се наоѓа во човековиот здив, заштитата од него станува потешка, што ја потврдува исправноста на препораките дека сите луѓе би требало да носат маски во јавност, за да се намали несвесниот пренос на вирусот од лице со асимптоматски облик на заразата, пишува американски „Sciencemag“.
Дебатата за ваквиот начин на пренесување на почнала на почетокот на оваа година, а Финеберг и неговите колеги во истражувањето укажала и на останатите истражувања, како неодамнешното истражување на Џошуа Сантарпија и колегите од Медицинскиот центар при Универзитетот во Небраска, во кое се изнесени докази за вирусна РНА во изолационите соби на пациентите кои се лечеле од ковид-19.
Вирусната РНА е откриена на тешко достапни површини, како и примероци во воздхот, на оддалеченост до два метри од пациентите.
Присуството на РНА укажува на тоа дека вирусот може да се шири преку аеросоли, заклучиле Сантарпија и неговиот тим, ,иако не пронашле инфективни вирусни честици.