Нови детали за смртта на Коби и Џијана, поднесени се и тужби

Трагичната несреќа во Калифорнија се случи на 26 јануари годинава кога хеликоптерот со 9 луѓе се сруши на земјата како резултат на густа магла.

1,180

Вината за смртта на легендарниот кошаркар Коби Брајант и неговата ќерка Џијана не смее да оди на сметка на пилотот Ар Зобијан, тврдат претставници на човекот кој управувак со хеликоптерот.

Трагичната несреќа во Калифорнија се случи на 26 јануари годинава кога хеликоптерот со 9 луѓе се сруши на земјата како резултат на густа магла.






Сопругата на Коби, Ванеса Брајант, поднела тужба против работодавачот на пилотот, компанијата „Ајленд Експрес“, како и против самиот пилот.

„Сите повреди или штети нанесени на тужителите или, пак, нивните настрадани се директно, дел, или, пак, во целост предизвикани од незнаење, невнимателност или по грешка на тужителот или нивните настрадани, вклучувајќи го и нивното свесно и доброволно соучество со вклучени ризици, па ова невнимание бил голем фактор во настанатата штета за која бранителот не сноси одговорност“ – стои во репликата на тужбата на Венеса Брајант.

Тоа што е спорно во целата несреќа е тоа што полицијата и сите останати агенции не се осмелиле тој ден да ги користат леталата поради густата магла и намалената видливост. Пилотот во конкретниов случај морал да кружи 15 минути пред да добие дозвола за да се упати кон Академијата на Коби.

Поврзани содржини