Нови детали за грабежот на домот на Северина: „Разбојниците имаа албански акцент“

1,801

Двајца маскирани разбојници упаднаа пред два дена во станот на пејачката Северина Којиќ, кој се наоѓа во главниот град на Хрватска, а сега се појавија нови детали за овој случај.

Крадците тогаш ги собрале сите скапоцености што ги имала пејачката во станот. Во станот влегле непознати лица и ја врзале куќната помошничка и набргу побегнале во непознат правец. Провалниците со денови ја следеле пејачката и чекале таа да го напушти својот дом.






Постои сомневање дека станот на Северина бил „обележан“, а крадците влегле во пентхаусот кога Северина го напуштила станот и отишла на состанок заедно со нејзиниот менаџер Томица Петровиќ.

Крадците со спреј го испрскале видео- надзорот на зградата спроти станот на Северина, додека камерата на зградата на пејачката била под чуден агол, пренесува „Блиц.рс“. Инаку, целиот тој кварт е покриен со камери, па полицијата се надева дека снимките ќе помогнат во расветлувањето на овој случај.

Како што наведува „Јутарњи.хр“, куќната помошничка која била во станот кога се случил грабежот навела дека „разбојниците имале албански акцент“.

„Северина, зошто се вративте? – зачудено ја прашала 66-годишната куќна помошничка кога го слушната отворањето на влезната врата на пентхаусот. Таа чистела со правосмукалката во ходникот, музика свирала од ЦД, што го пригушил звукот на отворањето на влезната врата. Но, наместо сопственичката Северина Којиќ, која пред малку излегла со менаџерот Томица Петровиќ, пред куќната помошничка во ходникот се појавиле двајца непознати мажи. Тие ја собориле на подот несреќната жена и ја врзале со јакната којашто им била при рака, пишува „Јутарњи.хр“

Ѝ рекле да не мрда, а тие темелно го пребарале целиот стан пред да го најдат она што го барале – на тоалетната маса имало три кутии со златен накит и дијаманти. Се задржале само неколку минути, наведува „Јутарњи.хр“.

Поврзани содржини