Нови детали од „работниот логор“ на озлогласената Елен Деџенерис

3,185

Еден од поранешните вработени кај Елен Деџенерис изнесе нови обвинувања против водителката, велејќи дека атмосферата кај Елен била неверојатно фрустрирачка. Како што рекол за американските медиуми, луѓето претежно се задржувале само неколку недели или месеци, а Деџенерис ги малтретирала без вистинска причина.

Некогаш најдобрата водителка на светот, последните неколку месеци проживува терор поради обвинувањата дека со години ги малтретирала своите вработени.






Вестите за мобингот во нејзиното ТВ-студио се проширија низ целиот свет и станаа голем проблем дури и за нејзината продуцентска куќа „ВарнерМедија“, која покрена и официјална истрага против водителката.

Бидејќи целиот случај дополнително се разгорува, а јавноста добива сè повеќе детали за наводниот проблем, „Дејли мејл“ во своите нови текстови носи сведоштва од поранешните вработени кои тврдат дека атмосферата кај Елен била како да се наоѓаат во „работен логор“.

Еден од вработените рекол дека Елен ги казнувала за секоја ситница. На пример, таа им одземала од платата доколку пената од кафето не била онаква каква што ја замислила таа тоа утро. Наводно оставала „стапици“ во нејзината канцеларија – кутија со кибрит под перницата, за да провери дали го исчистиле и тој дел од просторијата.

 

 

 

Поврзани содржини