НОВИ ДЕТАЛИ ОД ПОТРАГАТА ПО ЛИДИЈА ТРАЈКОВСКА Пронајдени се нејзини предмети, семејството добило и порака за изнуда

Преку „Ватсап“ на семејството му била испратена порака со барање за 500 евра во замена за информации за Лидија.

1,147

Полицијата откри неколку предмети кои се претпоставува дека ѝ припаѓаат на Лидија Трајковска која исчезна пред два дена.

Според информации од Министерството за внатрешни работи, утврдено е дека Лидија тргнала од Јурумлери кон Драчево, а предметите, меѓу кои кутија од цигари, запалка и џемпер, биле најдени во близина на мостот на реката Вардар.






Сопругот на Лидија потврдил дека кутијата од цигари и запалката ѝ припаѓаат на неговата жена, додека за џемперот рекол дека не е нејзин.

Полицијата, заедно со роднини и волонтери, го пребарува теренот. Извршени се и обиколки по течението на реката Вардар. Пребарана е пошироката околина, вклучувајќи и напуштени објекти, а потрагата продолжува со помош на дрон.

Претходно, семејството откри дека добило закани за изнуда.

Преку „Ватсап“ им била испратена порака со барање за 500 евра во замена за информации за Лидија.

Тајковска е пријавена за исчезната пред два дена кога е соопштено дека носела зелен дуксер со црни шари.

Поврзани содржини